фото: Зоран Антески

Во Кичево потврден е и деветиот случај на заразен од ковид-19, шести активен случај во оваа општина. Деветиот новозаразен е лице од веќе познат кластер. Тој во неделата бил упатен во Инфективното одделение во Битола и според информациите од Кризниот штаб е во добра здраствена состојба и со лесна клиничка.

– Денес го регистриравме и деветиот случај на новозаразен од ковид-19 во Кичево. Се работи за лице од познат кластер, од каде претходно се регистрирани двајца заразени. Лицето на возраст од 46 години е со лесна клиничка слика и тој е упатен во Инфективното одделение во Битола. Инаку во нашиот град моментално имаме 6 активни случаи и сите се со лесна клиничка слика, тројца се на болничко лекување, додека тројца се во домашна изолација. Претходно имавме и тројца излекувани пациенти и според протоколот и натаму продолжуваме со тестирање на сомнителни случаи, пред се од познати кластери – рече д-р Станко Трпески, директор на Општата болница во Кичево и член на Кризниот штаб.
З.А.