Меѓу шестемина заразени од ковид-19 во Битола денеска има и еден 16-годишник. Тоа е уште една потврда дека вирусот се шири во Битола, не само кај возрасните туку и кај младите лица.
Од шестемина инфицирани, другите петмина се на возраст од 31, 65, 70, 71 и 73 години.
Тоа што ги загрижува битолчани е што четворица позитивни на ковид-19 не знаат од кои и како се заразиле и не даваат податоци за контакт со позитивно регистрирано заразено лице, а 2 лица се поврзуваат со веќе постоечки фамилијарни кластери. Инаку, вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 64.
Тоа што ги вознемирува битолчани е што во периодот кога Битола беше град без заразени лица дури и по 14 дена од страна на кризниот штаб се преземаа мерки за дезинфекции на улиците, станбените згради, установи, институции, се дезинфецираа сите возила кои влегуваа од Прилеп и Охрид, а сега кога во Битола има по над 5 позитивни лица тие рампи не работат.
Во Битола голем број граѓани не ги почитуваат мерките за заштита, мал број носат маски, а кафулињата на Широк Сокак се преполни со гости, кои не држат дистанца и масите не се поставени на определеното растојание.
М.М.