Зголемен армиски ангажман од страна на општините најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Како што ќе се менуваат мерките, така ќе се менува и армискиот ангажман, изјави Шекеринска.
– Во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Струмица, Куманово, Битола и Прилеп има распоредено армиски припадници како поддршка на полицијата и на локалната самоуправа, а се разговара по нивно барање со Велес, Кавадарци, Росоман и Гази Баба – рече Шекеринска, зборувајќи на прес видеосесија ковид-19 „Прашања и одговори: Ретроспектива коронавирус МК“.
Министерката изјави дека армиските структури дополнително ја дале својата поддршка во повеќе општини во делот на дезинфекција бидејќи има специјална единица која е обучена за таа цел. Инженериските единици биле ангажирани да го расчистат просторот на Клиничкиот центар и да овозможат активирање на полската болница, рече Шекеринска.