МВР е ангажирано и во контрола на лицата кои имаат решенија за самоизолација и решенија за здравствен надзор, изјави министерот Чулев во вечерашната „Топ тема“ на телевизијата „Телма“.
Тој прецизираше дека во моментот решенија за здравствен надзор има за 1.105 луѓе на територијата на цела држава, додека бројката на решенија за самоизолација се зголемила на 8.709 лица.
– Ова е голема бројка и расте, особено во град Скопје и можам да кажам дека досега е утврдено непочитување од страна на 89 лица и се поднесени 113 кривични пријави. Согласно одлуката на влада доколку се утврди дека лицата не ја почитуваат мерката им се поднесува кривична пријава и истите се спроведуваат во задолжителен карантин, при што трошоците за време на престојот во карантин ги сносат самите лица – изјави Чулев.