По два мирни ноќи, во текот на изминатото деноноќие, за време на полицискиот час и спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на ковид-19, четири лица од Кичево го прекршиле полицискиот час. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.
Во истиот период не се регистрирани кражби ниту сообраќајни незгоди. Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие извршиле три контроли кај лица во самоизолација и 38 контроли врз угостителски и други објекти на ниво на СВР Охрид и, таму не се регистрирани прекршувања на мерките на Владата.
ОВР Кичево до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ќ.И.(33) од Кичево, поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело,„ непостапување според здраствени прописи во време на епидемија“. Тој при контрола извршена на 11 мај, од страна на полициски службеници бил затекнат на улица „Тенко Тасески“ во Кичево и, констатирале дека не ја почитувал мерката за забрана на движење од 19 часот до 5 часот наутро.
З.А.