Бројот на новозаболени од ковид-19 во Кичево е зголемен за четворица, со што вкупната бројка на активни случаи порасна на 83, тринаесет лица се оздравени, а денес е забележан и четвртиот смртен случај.
– Денес во нашата општина бележиме четворица новозаболени од ковид-19, со што вкупната бројка на активни случаи се искачи на 83. Тринаесет лица се водат како излекувани и за жал го бележиме и четвртиот смртен случај. Повеќето инфицирани се лица со полесна клиничка слика и се наоѓаат на домашно лекување, а за нивната здравствена состојба редовно се информираат матичните лекари – истакнаа од Кризниот штаб, од каде упатуваат апел до граѓаните, задолжително да носат заштитни маски кога се во затворен простор, да одржуваат прописно растојание, да не се групираат и да одржуваат редовна хигиена на рацете. З.А.