Она што се очекуваше, а тоа е бројот на оздравени во Кичево да почне рапидно да расте, денес почна и да се случува, бидејќи за првпат во овој град од појавата на ковид-19, во еден ден се регистрирани петмина оздравени, што влева надеж дека овој тренд ќе продолжи и наредните денови. Четворицата новозаразени се лица со полесна клиничка слика и се под постојан надзор на матичен лекар.
– Денес, како и вчера, бројот на новозаразени во нашиот град изнесува четири, истовремено имаме и петмина оздравени пациенти и ниту еден починат, иако од лицата што се згижени во болниците во Скопје и Битола има и пациенти со полоша клиничка слика.
Радува фактот што и денешните новозаразени се лица со полесна клиничка слика и реално е наскоро да очекуваме бројот на оздравени да расте и да опаѓа бројот на активни случаи.
Имаме 85 активни случаи, 5 лица починаа и 19 се оздравени, по негативни два теста. Се што досега стои како препорака и натаму е на сила и тоа е најдобрата превентива од ширење на коронавирусот – вели д-р Џабир Бајрами, директор на Здраствениот дом и член на Кризниот штаб.