Центар и Аеродром се скопските општини во кои во моментов има најмногу заразени со коронавирус.
Според последните податоци, бројот на активни случаи во Скопје изнесува 1.166 лица, од кои во Центар – 210 и Аеродром – 208.
Зад нив е Каропш со 180 активно заразени лица, Кисела Вода со 131 и Гази Баба со 126. Останатите скопски општини се со двоцифрен број на активни случаи.
Инаку, денеска беа потврдени рекордни 317 новозаразени за 24 часа, од направени 1990 тестирања, што е околу 15 проценти од тестираните.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.413, бројката на оздравени пациенти е 15.749, на починати е 772. Во моментов бројот на активни случаи на целата територија изнесува 2.892 лица.