Според информации од домот за стари лица „Сју Рајдер“ Битола деновиве на инфективното одделение во Клиничката болница е хоспитализиран 85-годишен човек.

Пациентот од Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола е позитивен од коронавирусот.

Од домот за стари лица велат дека две други стари лица, сместени кај нив, кои биле во соба со него, се во изолација, а на домашна самоизолација се испратени и осумина вработени.

Пациентот во петокот имал покачена температура, по што била повикана Брза помош, а бил информиран и Центарот за јавно здравје во Битола.

Од пациентот бил земен брис кој се покажал позитивен, по што бил хоспитализиран во Болницата.

М.М.