Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека 91% од здравствените работници кои беа заболени од ковид-19 сега се целосно оздравени.
– Им одавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување – напиша Филипче.
Претходно, Филипче напиша дека до крајот на неделата што следи ќе биде финализиран начинот на движење на граѓаните и поминување на границите со соседна Грција.