Вирусот во моментот има широка инфекција, па сме во постојана координација и комуникација со епидемиолозите и остануваме да ја следиме ситуацијата, па доколку е потребно да се дејствува со нови мерки, тоа ќе го направиме, објави денеска на својот фејсбук-профил министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој информира дека изутринава на редовна координација со директорите на клиниките разговарале за болничките капацитети, состојбата на болните и актуелната епидемиолошка состојба.
„Во ковид-центрите во државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација, која успешно се менаџира.
Дополнителни капацитети за лекување пациенти со Ковид-19 има и тие може да се стават на располагање во секој момент.
Доставата на терапија оди тековно и нема застој“, напиша Филипче.