Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини „Астразенека“ од Грција.
– Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини „Астразенека“. Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето не поздрави и премиерот Зоран Заев, кој во тој момент се врати од Брисел – наведува Филипче во објавата.
Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата, истакнува министерот, покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација, бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот ковид-19.