Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека лекот „ивермектин“ е пристигнат во Македонија и е достапен низ аптеките.
– Овој лек е ефикасен за ковид-19 и треба да се зема ислучиво по препорака на матичен лекар – кажа Филипче при отворањето на модуларната болница во Кичево, каде што присуствуваше заедно со министерот за економија Крешник Бектеши.
Лекот кој се користи за терапија на заболени од коронавирус ќе чини околу 300 денари и ќе се издава само со рецепт од матичен лекар или специјалист. Од МАЛМЕД истот така апелираа до граѓаните да не се лекуваат на своја рака и да не создаваат залихи дома.