Министерот за здравство д-р Венко Филипче силно ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приоритетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација.
– Ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во ковид-центрите и со ковид-пациенти не смее да се вакцинира. Листите за вакцинација беа доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани – соопшти Министерството за здравство.