Министерот за здравство Венко Филипче денес ја прими вакцината за заштита од ковид -19 од кинеската компанија „Синофарм“.
– Вакцините се сигурни, безбедни, развиени на безбедни платформи. Несаканите ефекти се мали. Контраиндикации има за одредени посебни категории граѓани кои нема да примат вакцини, а препораките за нив ги влечеме од научни испитувања. Јас примив „Синофарм – рече министерот Филипче по вакцинацијата во салата „Борис Трајковски“.
Тој апелираше сите да се пријават за вакцина на вакцинација.мк за што побрзо да добијат термин.
– Согласно тајмингот на пријавување сите ќе добијат известување преку СМС или мејл да се јават за вакцина – објасни министерот.
Освен него, термини за вакцина во следните 14 дена добиле и сите останати министри оти нашата Влада одлучила дека треба да се вакцинира по вакцинирањето на Собранието како институции кои се клучни за функционирање на државата.
Министерот Филипче, по вакцинирањето потсети на значењето на вакцината.
– Пандемијата не научи да бидеме сплотени во почитување на мерките за заштита и превенција од ширење на вирусот. Сега треба да бидеме обединети во давањето приоритет на вакцинација за да се смени сликата на пандемијата кај нас. Вакцината е нешто што сите го чекавме долго време, фактор да се смени сликата за пандемија. Сега, соочени со една болест за која немаше вакцина знаеме што значи ако ја нема – потсети министерот Филипче.