Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција упати порака до граѓаните дека сите мораме да бидеме свесни дека бројот на заболени и починати од корона вирусот ќе расте и затоа мораме да бидеме одговорни и да ги почитуваме мерките.
– Сакам да упатам порака до граѓаните. Панедмијата во светот не стивнува, постојано расте. И во Македонија бројката постојано расте. Добро е што бројот на случаи се зголемува линиреано, односно секој ден имаме приближно ист број на случаи, со кој здравствениот систем може да се справи.
Влегуваме во вториот месец од бобрата, која целосно ни ги промени животите.
Пред нас е најтешниот период, во кој бројот на заболени ќе расте. Ќе расте и бројот на починати, за тоа мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и починат млад човек, што значи дека вирусот е сериозна закана. Ние мораме сериозно да се однесуваме, затоа упатувам апел да се однесуваме претпазливо и одговорно, зашто успехот зависи од секој од нас – вели Филипче.