Министерот за здравство Венко Филипче и претставници од министерството во вторник ќе заминат во Белград на средба со неговиот српски колега Златибор Лончар, на која ќе се прави план за институтот „Торлак“ да биде стратешки партнер на Македонија за понатамошна набавка на вакцини. Ова го истакна министерот Филипче во изјава за медиумите. Во „Торлак“ веќе почна да се произведува вакцината „спутник“.
– Во вторник ќе одиме во Белград каде што ќе имаме средба со министерот Лончар. Ќе разговараме за битни теми за нашата соработка и надвор од прашањето на вакцините. Ќе правиме и стратешки план на институтот „Торлак“. Сметам дека инситутот „Торлак“ ќе биде стратешки партнер за понатаму за набавка на вакцини. Иако моментно не се потребни вакцини од таму, сепак не можеме да претпоставиме што ќе се случува понатаму – рече Филипче.