Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника меѓу граѓаните, напиша на Твитер, министерот за здравство, Венко Филипче.
– Се чудам со каква леснотија Христијан Мицкоски ја лаже јавноста дека сме имале тестови за само еден ден. Џабе се бориме против лажни и неточни вести, ако претседателот на најголема опозициска партија свесно лаже и креира паника меѓу граѓаните – напиша Филипче.
Министерот им порача на луѓето да бидат спокојни и дека има доволно тестови.