Во моментов се соочуваме со пикот на досега веројатно најсилниот пандемиски бран, рече министерот Венко Филипче при неговата посета на модуларната болница во Битола.
– На голем број пациенти им е потребна соодветна здравствена заштита за што имаме секојдневна координација и комуникација. Има сосем доволен број на болнички кревети секој пациент ќе ја добие потребната здравствена заштита. Системот на модуларни болници опфаќа 19 објекти во 16 општини, овде во Битола 3, што го прави битолското ковид-одделение најголемо во државата – објасни министерот.
За процесот на вакцинација против ковид-19, министерот рече дека како во Битола така и во останатите градови низ државата, процесот се одвива добро, без посериозни проблеми.
Филипче апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, дури и кога ќе бидат вакцинирани, нагласувајќи дека маската ќе се носат уште многу долго време
– Единствена препорака е тоа што го препорачуваме цело време, да се почитуваат веќе познатите превентивни мерки маските, дистанцата исклучително е важна сега – времето е убаво, но секаде во регинот се случува многу силен бран илјадници заразени во околните земји. Така што препораката за граѓаните е да се почитуваат важечките мерки. И после вакцинацијата ќе останат на сила тие превентивни мерки, маската ќе ја носиме навистина долго време – изјави Филипче.