Изморени од борбата со ковид-19, доктори си одат или најавуваат заминување од државната клиника, кажа министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за заминувањата од Клиничкиот центар.
Филипче истакна и дека сестрите што минатиот викенд најавиле заминување, потврдиле дека одат во приватни клиники. Министерот додаде дека тие ќе бидат заменети со нивни колеги.