Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека денеска е регистриран 21 оздравен пациент, и тоа осум во Скопје, во Куманово шест, по еден пациент во Штип, Кочани, Тетово, Велес и Македонски Брод и двајца пациенти во Прилеп.
Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се осум нови случаи на ковид-19 и тоа три во Скопје, во Битола еден и четири нови случаи во Велес.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.
Согласно ова вкупната бројка на дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.
Во изминатото деноноќие направени се вкупно 185 теста.