Во детската градинка „Коца Василева“ во Битола уште една воспитувачка е
позитивна на ковид-19. 

Таа наводно се заразила од нејзиниот сопруг, надвор од работното место.
Откако дознала дека нејзиниот сопруг е позитивен, таа од четвртокот не одела на
работа и се самоизолирала. Во саботата тестовите потврдиле дека и таа и сопругот се
позитивни на коронавирусот.

Поради ситуацијата, во консултација со епидемиолозите од Центарот за јавно
здравје во Битола, одлучено е во домашна изолација да одат и 13 деца од нејзината група. 

Ова е втора воспитувачка од оваа градинка која е позитивна на вирусот.

М.М.