Наставничка од основното училиште „Владо Тасевски“ од скопската општина Карпош е позитивна на коронавирусот, како и наставник од „Димитар Миладинов“, објави телевизија „Телма“.
Наставничката е во изолација од средата откако добила позитивен тест, додека учениците од второ одделение на кои им предавала уште не се во изолација, по одлуката донесена во консултација со епидемиолог, согласно со протоколите.
Наставникот од „Димитар Миладинов“ е асимптоматски случај и не оди на работа од четвртокот. Од училиштето истакнале дека биле запазени сите мерки и протоколи и дека децата на кои тој им држел часови не се во изолација, според информациите на „Телма“.
Досега над 50 основци и 10 наставници се позитивни на ковид-19 или се во изолација поради контакт со заразен.