Утре на Комисијата за заразни болести една од главните теми ќе биде и отворањето на границите. Ова за ТВ21 го потврди министерот за здравство Венко Филипче.
Засега не се споменуваат датуми, а минатата недела Филипче неколку пати истакна дека е рано за отворање на границите.
Покрај тоа, утре на Комисијата може да стане збор и за отворањето на угостителските објекти кое беше најавено за оваа недела.