Во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, утре напладне ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
Како што информираат од претседателскиот кабинет, на седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на Пендаровски, ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.
Советот за безбедност се очекува да одлучи за евентуална нова, четврта, одлука за вонредна состојба по двете 30 дневни и последната двонеделна што беше донесена на 15 мај.