Угостителските објекти ќе работат со продолжено работно време во работните денови, односно до полноќ, а за време на викендите до еден часот по полноќ, одлучи Владата на вечерашната седница. Министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот профил на Фејсбук ја потврди информацијата.
По укинувањето на рестриктивните мерки, рестораните и кафеаните имаа право да работат до 22 часот.