Во гостиварски Добридол во вчерните часови на 17 март полицијата уапсила 57-годишник, откако во контрола спроведена заедно со Државниот пазарен инспекторат, во неговото интернет кафе во селото биле затекнати 12 гости.
Со ова тој постапил спротивно на владината одлука и мерките и препораките за заштита од коронавирусот и сторил кривично дело„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Гостиварецот е задржан во полициска станица и во текот на денот со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.