Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има четири случаи на коронавирус, а по еден случај е регистриран и во општините Крушево и Македонски Брод.
Бројот на активни случаи изнесува 45, од кои 38 се наоаѓаат на домашно, а седум на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се седум лица позитивни на коронавирус. Ка.М.