фото: Зоран Антоски

Три лица се заразени со коронавирус во Кичево, со што вкупниот број заразени со ковид-19 во градот се искачи на 52, од кои 43 се активни, 8 се излекувани и едно лице е починато.
– Од новозаболените тројца се во потешка здраствена состојба и тие се транспортирани на инфективните оделенија во Скопје и Битола, каде се следи нивната здравствена состојба – рече доктор Станко Трпески, член на Општинскиот Кризен штаб, од каде будно се следи состојбата во општината, за да не дојде до забрзан пораст на новоинфицирани од ковид-19 и се апелира, граѓаните да се држат до препораките, во затворено задолжително да носат маски, а на отворено да се придржуваат до пропишаното растојание и да не се групираат .

З.А.