Триесет и два отсто од полнолетното население на територијата на целата држава е веќе имунизирано со барем една доза на вакцина, соопшти Министерството за здравство.
Најголем опфат со прва вакцина има во Гевгелија 51 отсто и Кавадарци 50.3 отсто каде половина од населението е веќе вакцинирано. 48.1 отсто од охридските жители се вакцинирале со прва доза, а по нив во 47.9 отсто од населението кое живее во Неготино и околните места.
Граѓаните на Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза во процент од 46.3 отсто и 46.7 отсто. Понатаму, процентите на опфатеност со барем една доза на вакцниа опаѓаат во Берово 44.1 отсто, Пехчево 43 отсто, Штип 43.1 отсто и Валандово 40.5 отсто.
Помеѓу 30-40 отсто има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Д.Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Прилеп, Крушево, Скопје и Пробиштип. Помеѓу 20-30 отсто има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струга, М.Брод, Струмица, Тетово и Радовиш, а 19.9 отсто опфат во Гостивар.
– Заинтересираноста за вакцинација помеѓу граѓаните и натаму расте. Вакцини има доволно, повикуваме на што поголемо вклучување во процесот на имунизација на населението со што заеднички се стремиме кон спречување на проширување на новиот сој на вирусот – соопшти МЗ.