Од 11-те битолчани заболени од коронавирусот, дури петмина се од текстилна фабрика во Битола. Ова попладнево го соопштија од Министерството за здравство, од каде изјавија дека веднаш по нивното инфицирање сопственикот ѝ стави клуч на фабриката и ги испрати вработени на двонеделен одмор. Ваквата информација ја потврдија и од Центарот за јавно здравје во Битола.
– По утврдувањето на првите два позитивни случаи, по препорака на епидемиолог фабриката престана со работа и ги испрати работниците на двонеделен колективен одмор. Во меѓувреме, направена е целосна дезинфекција на објектот и договорено е пред почнување со работа на објектот, епидемилог да направи увид и проверка на протоколите за работа и движење на работниците – се вели во информацијата од Центарот за јавно здравје.
Инаку во Битола, покрај кластерот поврзан со текстилната фабрика, има и три други семејни кластери. Досега од 84 заболени, од почетокот на пандемијата во Битола активни се 40 случаи.
М.М.