Штабот за заштита и спасување на Општина Битола, денес одржа онлајн состанок, кој го водеше началникот на штабот Кире Ѓоргиевски. Директорите на здравствените институции во информацијата за актуелната состојба со ковид-19 информираа дека во Битола, зголемената бројка на новозаболени која се појави последните месеци, во моментот е во мала стагнација, но заштитата и почитувањето на мерките и понатаму се клучни за подобрување на епидемиолошката состојба.
Идната недела ќе се зголеми бројот на тестирања со брзи тестови што е важен предуслов за рана детекција на вирусот, како и брза интервенција од страна на здравствениот персонал.
На состанокот, беше заклучено дека Општина Битола и јавните претпријатија, веќе ги завршија своите активности во однос на подготовка на теренот за поставување на модуларните болници во Битола.
Општинскиот кризен штаб, апелира во празничниот период кој претстои, одговорно да се однесуваме за да се заштитиме себеси, но и да не го загрозиме здравјето на другите, се вели во соопштението на Кризниот штаб Битола. М.М.