Стабилна е состојбата со ковид-19 во Прилеп, велат од Центарот за јавно здравје.
Според информациите од Драгица Николоска, директорка на ЦЈЗ Прилеп, во изминатата
недела, поточно од 6 до 12 декември биле регистрирани 147 новозразени со ковид-19.
Едно лице е починато, а како активни се водат 336 случаи.
Во прилепската болница хоспитализирани се 25 лица, од кои 21-ден се на кислородна
поддршка.
Вкупно од почетокот на пандемијата во Прилеп со ковид-19 се заразиле 10.464 лица, а
починале 496. Ка.М.