Премиерот Оливер Спасовски преку видео-порака апелира до сите граѓани да ги одложат патувањата надвор од земјава.
– Секоја држава во регионот и во Европа има свои мерки за заштита и имаме проблем граѓаните да не можат да ги поминуваат границите или да остануваат некаде заглавени на граничните премини. Тоа дополнително создава проблем за институциите на државата. Уште еднаш апелирам граѓаните да ги одложат патувањата и да не патуваат надвор од државата – порача Спасовски.
Сите граѓани да ги одложат патувањата надвор
Апелирам до сите граѓани да ги одложат патувањата надвор од Република Северна Македонија. Секоја држава во регионот и во Европа има свои мерки за заштита и имаме проблем граѓаните да не можат да ги поминуваат границите или да остануваат некаде заглавени на граничните премини. Тоа дополнително создава проблем за институциите на државата. Уште еднаш апелирам граѓаните да ги одложат патувањата и да не патуваат надвор од државата.
Posted by Oliver Spasovski on Понеделник, 16 март 2020