Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека вечерва добил резултат од тестoт на ковид-19, кој укажува дека тој е негативен на коронавирусот.
– Тестот што го добив вечерва е негативен и покажува дека не сум носител на коронавирусот – напиша Спасовски на Фејсбук.
Сепак, премиерот наведува дека во согласност со препораките на епидемиолозите и натаму ќе остане во домашна изолација.
– Се придржувам до препораките и советите на лекарите, и тоа најдисциплинирано. Во деновите на самоизолација, од дома, преку дигитални алатки, ги извршувам сите активности поврзани со водењето на Владата – стои во објавата.
Според премиерот, пикот на заразата е сè уште тука, но ефектите од почитувањето на мерките се видливи за сите.
– Секој може да даде придонес за јавното здравје за набргу да можеме заедно да го донесеме животот во новата нормала. Останете внимателни – напиша Спасовски на Фејсбук.