МВР го следи издавањето на објекти за прослава и сериозно ќе преземе мерки, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на „ТВ21“, осврнувајќи се на прославата на претстојните новогодишни и божиќни празници.
– За празниците очекуваме став од Комисијата за заразни болести, да видиме што ќе препорачаат во однос проценката за ризик која треба да се прави. Ние во МВР го следиме посебно издавањето на објекти за прослава на празниците. Веќе имаме одредени сознанија, и сериозно ќе превземеме мерки – нагласи Спасовски.