Во петокот и во саботата дадени се вкупно 3.250 дози вакцини, од кои 884 прва доза, 2.257 примиле втора доза, а 109 граѓани трета доза вакцина. Заклучно со 16 октомври, вкупно се вакцинирани 799.012 граѓани, втора доза примиле 760.317, а трета 1.148 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
54 % од граѓаните над 40-годишна возраст се целосно вакцинирани, а 33 % од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47 % , а со две дози опфатени се 45 % од граѓаните над 18 години.
Според бројот на аплицирани вакцини, 38 % од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 % од популацијата во државата примиле две дози вакцина, информираа здравствените власти.