Советот за безбедност ја почна расправата за справување со ширењето на коронавирусот и за натамошните чекори на институциите.
Советот го свика претседателот, Стево Пендаровски, а покрај него, присутни се и премиерот Оливер Спасовски, министрите за здравство, внатрешни и надворени работи, министерот за одбрана, началникот на Генералштабот на Армијата и експерти по избор на шефот на државата.
Согласно протоколите, на присутните им беше измерена телесната температура.
Претседателот Пендаровски во петокот изјави дека верува оти се исполнети условите за прогласување на кризна состојба на дел или на целата територија, но најави дека ќе ја разгледаат и можноста за прогласување на вонредна состојба.