Започннува тестирањето за коронавирус на вработените во градинките, извести министерот за здравство Венко Филипче. Треба да бидат тестирани околу 2.000 вработени во градинките ширум земјата.
„Десетина дена би требало да трае скиринингот, почнува денес. Имаме реални шанси да го зголемиме бројот на тестови што ќе се прават дневно со ослободувањето на капацитетите во лабораториите па можно е тестирањето да заврши и побрзо“, рече министерот Филипче.
Планот е сите градинки да се отворат едновремено, во целата држава, а нивното отворање ќе го следи враќањето на работа на родителите.