Градоначалниците на скопските општини заедно со градоначалникот, Петре Шилегов, и во придружба на заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска беа во посета на поголем број полициски пунктови во сите скопски општини, а го посетија и СВР Скопје.
Во денешната обиколка, скопските градоначалници на сите полициски службеници на пунктови, полициски станици, мобилни патроли им даваа вода и сок, во знак на поддршка што во овие вонредни околности деноноќно се грижат за безбедноста во сите општини на Скопје.
– Со оваа заедничка иницијатива на скопските градоначалници се искажува голема благодарност до полициските служби што деноноќно го чуваат Скопје и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба, како и благодарност до граѓаните на сите скопски општини кои покажуваат висок степен на одговорност за време на празничниот полициски час и ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје – велат од Град Скопје.