Светската здравствена организација (СЗО) во рамките на солидарити фондот, донираше лична заштитна опрема за здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
– Пратката содржи 293.700 парчиња опрема за лична заштита, односно 65.000 медицински маски, 122.000 Н95 заштитни маски, 5.200 очила, 10.500 заштитни наметки и 91.000 ракавици, а вредноста на донацијата изнесува 305.000 американски долари – соопшти Министерството за здравство.
Од таму велат дека се проверени сите предмети од испорачаната опрема за да се обезбеди исполнување на стандардите за квалитет и безбедност за здравствените работници во првите редови со ковид-19.