Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 123 и има околу 420 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Од таму потсетуваат дека поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок во главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 73 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.
Во болниците во Скопје тој број изнесува 50 пациенти, од кои двајца биле примени во последните 24 часа. Во изминатото деноноќие дома биле пуштени 3 оздравени пациенти.
– Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 10 болни, а во Куманово 13 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 4, во ковид-центарот во Гостивар 3, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 4 пациенти, во Кичево 2, а во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани лица позитивни или суспектни на вирусот – се наведува во соопштението од ресорното министерство од каде додаваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Исто така се нагласува дека во скопските ковид-центри бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места.