На дневно ниво просечно се заразуваат по 50 пациенти во Битола, а денеска на Инфективното одделение во болнички услови починаа четири лица. Од нив двајца се на возраст од 66 години, едниот имаше 75 години и четвртиот пациент беше на 83-годишна возраст.
Расте и бројот на хоспитализирани пациенти во Клиничката болница, кој достигна вкупно 80 лица. Од нив дури 70 пациенти се на кислородна поддршка.
Во значајна мера се зголемува и бројот на млади кои се инфицираат од ковид-19 и кои се хоспитализирани во болницата. Тие се на возраст од 28, 30 и 32 години.
Поради зголемување на бројот на позитивните на ковид-19, пациенти се примаат и во одделението за физикална медицина. Модуларната болница која треба да згрижува 90 пациенти уште не е пуштена во употреба. М.М.