Педесет отсто од новозаразените во Македонија во изминатите два дена го имале британскиот вид, истакна министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Велес.
– Ги следиме бројките и ги анализиравме резултатите од секвенционирањето на геномите на вирусот. Во изминатиот период евидентно е зголемувањето на пациенти кај кои е детектиран британскиот сој, и тоа од некои 20-тина проценти. Резултатите во последните два дена покажаа дека се зголемува и до 50 проценти од вкупниот број на дијагностицирани – изјави Филипче.
Се смета дека бројот на новозаразени е зголемен поради земањето замав на мутацијата, при што жаришта на вирусот се Кавадарци, Прилеп и Охрид, како што истакнуваат надлежните.