Четири лица од Берово, членови на едно семејство, се обвинети дека свесно го прекршиле полицискиот час во текот на викендот.
И покрај тоа што знаеле за мерките против опасната заразна болест ковид-19, лицата не постапиле според прописите и во текот на викендот се движеле со возило додека во сила била забраната за движење во временски период од 16 до 5 часот наредниот ден.
Со своите дејства секој од обвинетите сторил кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија поради што е поднесен предлог за секого да се изрече глоба во висина од 200 до 600 евра во денарска противвредност.