Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“ со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
На седницата, покрај редовните членови на Советот, по покана на претседателот ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.
Од Кабинетот соопштија дека на деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции.