САД ќе издвојат помош од 1,1 милиони долари за спречување на ширењето на заразата на коронавирусот во Македонија, соопшти амбасадата на САД во државава, на нејзината фејсбук-страница.
– Со задоволство можеме да соопштиме дека американската влада ќе издвои 1,1 милиони долари за спречување на ширењето на ковид-19 во Северна Македонија. Јас сум убедена дека поддршката пружена во вид на пакет помош ќе биде од значителен придонес за борбата на Северна Македонија против ковид-19 – истакна американската амбасадорка Кејт Мери Брнс.