Во Битола расте бројот на заразени од коронавирусот, но и бројот на хоспитализирани лица.
Бројот на хоспитализрани денеска во Регионалниот ковид-центар во Битола изнесува 149 пациенти, што е најголем број од почетокот на пандемијата.
Покрај Инфективното одделение, полно со позитивни на ковид-19 е и Одделението за физикална медицина, а се наполни и едната од трите модуларни болници.
Најголемиот број од хоспитализирани лица се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.
Таквата состојба на пациентите доведе до зголемување на потршувачката на кислород во ковид-центарот, која достигна дури до 3 тони дневно, што е неколку кратно зголемено во однос на претходната потрошувачка, кога дневно се трошеа по 600 до 800 килограми на ден.
М.М.