фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатото деноноќие во Кичево е регистриран рекорден број на оздравени од ковид-19, дури 62. Само три лица се новозаболени, а едно лице во болнички услови, ја загуби битката со вирусот. Овие бројки помогнаа после подолг период бројот на активни случаи заболени од ковид-19 да се спушти под 300 и да изнесува 275 лица.

– Денешните бројки влеваат голем оптимизам, дека и во периодот кога имаме загаден воздух и големи погодности за ширење на коронавирусот да забележиме драстичен пад на новозаболени тројца и рекорден број на оздравени граѓани, дури 62. За жал, мора да потсетиме и на еден починат сограѓанин. Нема никаква тајна во борбата со коронавирусот, само треба да се почитуваат мерките и добрите резултати нема да изостанат – вели Џабир Бајрами, член на Кризниот штаб.

З.А.