Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во Македонија.
Од новозаразените најманогу се од Скопје (15), по што следат Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1) и Тетово (1).
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лице.
Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во: Скопје (123), Дебар (43) од кои 2 починати, Куманово (15) од кои 1 починат, Штип (8), Велес (3), Охрид (3), Кавадарци (2), Прилеп (2), Гостивар (1), Тетово (1).
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани двајца пациенти кои на два контролни теста на ковид-19 имаа негативен резултат.
Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување.
Со ова во земјата досега има тројца излекувани пациенти и тројца починати.